Дома Фудбал Почнува новата сезона во Лигата на шампионите, Вардар се враќа!

Почнува новата сезона во Лигата на шампионите, Вардар се враќа!

Ракометната Лига на шампионите ја отвора својата 34. сезона, но овојпат најелитното европско клупско натпреварување носи големи промени, особено во машка конкуренција.

Женската Лига на шампионите стартува веќе утре, додека машките екипи на терен ќе излезат од 9 септември. Со тоа започнува новата европска сезона и традиционалната битка за пласман на завршните турнири во Будимпешта и Келн.

За македонската ракометна јавност, оваа сезона има посебно значење. По неколку години отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од европската елита. Двократниот европски првак, кој ги освои титулите во 2017 и 2019 година, повторно ќе игра во Лигата на шампионите, што носи големо очекување за враќање на европските спектакли во Скопје.

На женската сцена ова ќе биде последната сезона во досегашниот формат со 16 екипи. Кај мажите, пак, следува целосна промена на системот на натпреварување. Наместо досегашните 16, во Лигата на шампионите ќе настапуваат 24 клуба, распоредени во шест групи со по четири екипи.

Најдобрите две екипи од секоја група директно ќе обезбедат место во главната рунда, додека останатите 12 состави ќе продолжат во плејофот на Европската лига на ЕХФ. Во главната рунда ќе има дополнителна борба за пласман, а петтопласираните екипи ќе се преселат во топ-16 фазата од Европската лига.

Иако бројот на учесници е зголемен, вкупниот број натпревари во машката Лига на шампионите останува ист – 132.

Актуелните европски шампиони влегуваат со јасна цел – одбрана на титулата. Мец ќе го брани својот прв историски трофеј во женска конкуренција, а во групата ќе се соочи и со најтрофејниот европски клуб Ѓер. Кај мажите, Барселона ќе тргне во поход кон нова титула, со желба да стигне до својот 13. европски трофеј.

Како симбол на минатогодишниот успех, ракометарите на Барселона и ракометарките на Мец ќе го носат златниот амблем на ЕХФ на своите дресови во текот на целата сезона.

Љубителите на ракометот ќе имаат можност да ги следат натпреварите преку 34 телевизиски партнери ширум светот, како и преку платформата ЕХФ ТВ. Пред стартот на новата сезона беа претставени и два документарни филма посветени на минатогодишните завршници – „Магичен момент“, посветен на женскиот фајнал-фор, и „Родени ривали“, кој ја обработува завршницата во Келн.

Кулминацијата на сезоната ќе следува во мај и јуни 2027 година. Женскиот фајнал-фор е закажан за 29 и 30 мај во „МВМ Дом“ во Будимпешта, додека машкиот европски шампион ќе биде познат на 12 и 13 јуни, кога најдобрите четири екипи ќе се борат за трофејот во „Ланксес Арена“ во Келн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга доведе фудбалер кој во Франција бил дел од гигант!

Струга Трим Лум продолжува да го засилува и денеска го официјализираше трансферот на 19-го…