Дома Фудбал Скандал: Серхио Агуеро вмешан во наркокартел!?

Скандал: Серхио Агуеро вмешан во наркокартел!?

Минатата недела, акцијата на Министерството за внатрешни работи на Аргентина заврши со апсење на познатиот наркобос Пабло Алварез, наречен Беботе, кој управувал со меѓународен ланец за трговија со дрога.

Меѓутоа, оваа полициска акција го привлече вниманието на јавноста и кон познатиот аргентински фудбалер Серхио Кун Агуеро, некогашна ѕвезда на Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона, чие име неочекувано се спомена во истрагата.

Според порталот La Politica, името на Агуеро се појавува во документите на компании за кои постојат сомнежи дека служеле како параван на картелот за перење пари. Една од тие компании е Kru Tickets, коja Агуеро ја основал за продажба на билети за еспорт настани.

Пораките извлечени од запленетите телефони потврдуваат дека поранешниот напаѓач бил во контакт со членови на оваа криминална група. Сепак, првите резултати од истрагата сугерираат дека членови на картелот му се претставиле со лажни идентитети, па постои голема можност Агуеро да не бил запознаен со тоа во што се впушта.

Интересно е што уапсениот лидер на картелот Беботе бил и водач на навивачка група на клубот Индепендиенте – тим во кој Агуеро ја започна својата голема кариера.

Да потсетиме, Агуеро се повлече од фудбалот во 2021 година поради здравствени проблеми, оставајќи зад себе значајни дострели: освои пет титули во Англија со Манчестер Сити, а за аргентинската репрезентација забележа 101 натпревар и постигна 41 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комедија во Турција: Судија не ги знаеше основните правила! (Видео)

Невидена невообичаеност, каква што ретко се среќава дури и на локалните натпревари на село…