Дома Фудбал ФИФА не чекаше долго, жестоко возврати на УЕФА и Чеферин!

ФИФА не чекаше долго, жестоко возврати на УЕФА и Чеферин!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) енергично одговори на последните правни закани, обвинувајќи ја Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) дека стои зад организирана кампања за дискредитација.

ФИФА ја обвини УЕФА за започнување кампања за оцрнување која ја таргетирала организацијата и претседателот Џани Инфантино, откако се појавија закани за кривични постапки против него.

Според извештајот објавен од The Athletic, конфликтот настанал поради правен документ кој УЕФА го поднела во САД на 28 август.

УЕФА тврдела дека Инфантино вовел “измамничка цена надвор од пазарните параметри за свој бенефит” во врска со продажбата на 20 проценти од акциите во комерцијалните активности на ФИФА за 3,6 милијарди долари.

Овој план, познат како “FIFA Forward Enterprise” (FFE), предвидувал американскиот инвестициски фонд Thrive Eternal да откупи значајно учество во глобалните натпревари.

Како одговор на поднесокот на УЕФА, ФИФА во Њујорк во вторникот посочи дека бара од самиот документ да се отфрли. Во својот правен одговор, ФИФА остро го критикуваше Александар Чеферин и неговата организација.

“И покрај фактот што овие барања се обликовани како правни документи со наслови и бројки на случаи, тие не се ништо повеќе од вести за јавноста кои служат за продолжување на УЕФА-иниот обид за оцрнување на ФИФА и нејзиното раководство”, се наведува во документот. ФИФА понатаму тврди дека УЕФА ја блокирала FFE само за да спречи помалите нации да станат финансиски посилни и да им предизвикаат проблеми на европските великани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скандал: Серхио Агуеро вмешан во наркокартел!?

Минатата недела, акцијата на Министерството за внатрешни работи на Аргентина заврши со апс…