
Според извори од Англија, ‘Црвените’ веќе го заокружија планирањето за јануарскиот трансфер период, договорувајќи се со еден од најталентираните млади напаѓачи од Франција.
Џилијан Н’Гесан е на пат да го напушти Сент-Етјен и да премине во редовите на Ливерпул, а посебна изненадување е што неговото пристигнување е планирано уште во јануари, а не во текот на летото.
BBC Sport веќе истакна дека договорот со младиот 18-годишен Французин изнесува околу 4.3 милиони фунти, а новинарот Џек Лусби потврди дека овој трансфер ќе се реализира веќе во текот на сезоната.
“Имам сигурни информации дека Џилијан Н’Гесан официјално ќе се пресели во Ливерпул во јануари”, соопшти Лусби.
Интересно е што Сент-Етјен неодамна извести дека Н’Гесан потпишал нов договор, а потоа беше позајмен на Брест. Сепак, тој договор не го спречува неговиот трансфер на “Енфилд” на почетокот на следната година.
Сега на Ливерпул останува да одлучи дали веднаш ќе го вклучи талентираниот напаѓач во тимот или ќе го остави на позајмица.
Една од опциите е да Н’Гесан остане во Брест до крајот на сезоната, ако се земе предвид ограничувањето на бројот на играчи кои се позајмени надвор од Англија.
Французинот веќе привлече големо внимание со своите успеси во младинските категории, постигнувајќи 25 голови во 25 натпревари за младинските селекции на Франција, додека за У19 составот на Сент-Етјен постигна осум гола во 13 натпревари.
Подоцна му беше дадена шанса и во сениорскиот тим, но се уште не го достигнал својот врв.
Во првиот тим на Сент-Етјен има одиграно 13 натпревари и постигна еден гол.
Неговиот профил веќе е споредуван со напаѓачот на Ливерпул, Хуго Екитике, поради сличната висина, вештините со топка и способноста за завршен удар.
Овогодишните потези на Ливерпул се значајни, но пристигнувањето на Н’Гесан покажува дека клубот размислува долгорочно.
Со потрошени само неколку милиони фунти, Ливерпул го осигура трансферот на младиот талент кој, доколку продолжи да напредува, може брзо да стане голема ѕвезда на “Енфилд”.