
Албанката Ева Мурати важи за една од најатрактивните телевизиски водителки, а еден нејзин спонтан потег за време на емисијата предизвика многу реакции на социјалните мрежи.
Мурати за време на емисијата во студио спонтано ги соблече чевлите и пред камерите остана боса, по што потполно опуштено продолжи да го води програмот.
Снимката од тој момент брзо стана вирална.
Потегот на водителката на телевизија Визион Плус особено ја привлече вниманието на машката публика, а на социјалните мрежи започнаа да се редат многу коментари.