Дома Фудбал Мурињо воведува ред во Реал: На ѕвездите им стави до знаење што ги чека ако ги прекршат правилата

Мурињо воведува ред во Реал: На ѕвездите им стави до знаење што ги чека ако ги прекршат правилата

Жозе Мурињо не губеше време откако се врати на кормилото на Реал Мадрид. Португалскиот стручњак веднаш одлучи да ја зајакне дисциплината во соблекувалната, а новите правила важат за сите – од најголемите ѕвезди до играчите коишто се борат за минутажа.

Според извештаите на talkSPORT, Мурињо воведе нов режим кој не се однесува само на тренинзите. Под негова контрола ќе биде и начинот на закрепнување на повредените играчи, исхраната, но и однесувањето на играчите пред почетокот на секојдневните обврски.

Еден од првите барања се однесува на доаѓањето во тренинг-центарот Валдебебас. Фудбалерите на Реал мора да бидат таму најмалку еден час пред почетокот на тренингот за да имаат доволно време за подготовка.

Играч кој ќе задоцни нема да тренира со остатокот од екипата, туку ќе биде пратен на индивидуални вежби во теретаната. Дополнително, автоматски ќе отпадне од конкуренција за наредниот натпревар.

Новите правила се однесуваат и на рехабилитацијата. Повредените играчи ќе мора процесот на заккување да го минуваат во Валдебебас, под надзор на медицинскиот и стручниот тим на Реал Мадрид.

Мурињо не сака играчите да организираат третмани самостојно надвор од системот на клубот. Од моментот на повредата па сè до враќањето на теренот, нивното закрепнување треба да биде под строга контрола на Реал.

Новата програмата на Мурињо се сведува на пет клучни барања: доаѓањето еден час пред тренингот, отстранување од екипата во случај на доцнење, укинување на паричните казни, рехабилитација исклучиво под контрола на клубот и строго контролирана исхрана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА подготвува кривична постапка против Инфантино, ФИФА би можела да ги плати неговите трошоци

Конфликтот меѓу УЕФА и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, би можел да добие и правна р…