Дома Фудбал Фудбалот во Аргентина ќе запре поради Меси, еве што ќе му приредат

Фудбалот во Аргентина ќе запре поради Меси, еве што ќе му приредат

Аргентинската фудбалска лига ќе му оддаде почит на Лионел Меси по неговото повлекување од репрезентацијата, така што овој викенд сите натпревари ќе бидат прекинати во 10-та минута, по што ќе следува минута аплауз.

Меси долги години со гордост го носеше бројот десет на дресот на Аргентина, но по светското првенство оваа година одлучи да ја заврши репрезентативната кариера.

„Во знак на признание и почит кон кариерата на Лионел Меси во аргентинската репрезентација, во 10-та минута од сите натпревари, судиите ќе ја прекинат играта и ќе биде одржан заеднички аплауз од една минута“, изјави Фудбалскиот сојуз на Аргентина (АФА), пренесува BBC.

Меси претходно оваа недела објави дека ја завршува репрезентативната кариера, но ќе продолжи да игра за Интер Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Водителка со еден потег предизвика лавина реакции (ВИДЕО)

Албанката Ева Мурати важи за една од најатрактивните телевизиски водителки, а еден нејзин …