
Сагата за Хулијан Алварез добива сосема нов заплет, и тоа каков што речиси никој не можеше да очекува.
Иако преодниот рок заврши, името на аргентинскиот напаѓач и понатаму е меѓу главните теми во шпанските медиуми.
Според информациите што стигнуваат од Шпанија, ситуацијата меѓу Алварез и Атлетико Мадрид би можела да стане толку комплицирана што клубот од Мадрид следната зима може сам да го понуди својот најдобар напаѓач на Барселона.
Оваа можност ја претстави новинарот Хозе Алварез во емисијата Ел Чирингито, повикувајќи се на информации кои ги добил од луѓето блиски до аргентинскиот фудбалер.
“Пораката што ја пренесува окружувањето на Алварез е решавачка. Тој повеќе не сака да игра за Атлетико Мадрид. Ситуацијата ќе стане неодржлива меѓу сега и јануари”, рече новинарот.