Дома Фудбал Енрике нема дилеми: Играч на ПСЖ треба да ја освои „Златната топка“

Енрике нема дилеми: Играч на ПСЖ треба да ја освои „Златната топка“

Се ближи доделувањето на Златната топка за сезоната 2025/26. Оваа година постои значителна неизвесност во врска со тоа кој ќе го понесе ова признание, а своето мислење го изрази и тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике.

Иако Пари Сен Жермен повторно ја освои Лигата на шампионите, нивните играчи не се меѓу главните кандидати за ова најпочитувано индивидуално признание. Во моментот најмногу се споменува шпанскиот дуо Родри – Ламин Јамал, додека на врвот се наоѓаат и одличните голгетери Хари Кејн и Килијан Мбапе. Најголемата надеж од Светците е Хвича Кварацхелија, кој е на петтото место според обложувалниците.

– Играч на Пари Сен Жермен заслужува да ја добие Златната топка. Постигнавме се што можеше да се постигне, а и играчите од Пари Сен Жермен имаа одлични настапи на Светското првенство – истакна Луис Енрике.

Фабијан Руиз освои и Светско првенство и Лига на шампионите. Сепак, тој не се наоѓа меѓу фаворитите, се рангира на околу осмата позиција. Минатогодишниот добитник Усман Дембеле во моментов е на 10-та позиција, полошо рангиран зад Грузинот и Руиз, иако на Светското првенство беше најуспешен стрелец меѓу играчите на Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално: Ел Шарави се врати во Џенова!

Како што се најави, Стефан Ел Шарави го заврши својот камбек во Џенова, клубот каде што ја…