Дома Фудбал Казна за Шкендија Арачиново и отворени постапки против Македонија Ѓ.П и Шкупи!

Казна за Шкендија Арачиново и отворени постапки против Македонија Ѓ.П и Шкупи!

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе неколку одлуки на последната седница, меѓу кои и парична казна за Шкендија Арачиново, како и суспензија за фудбалерот на Тиквеш, Лавал Емануел.

Шкендија Арачиново ќе мора да плати 2.500 евра поради пропусти во организацијата на натпреварот. Клубот е санкциониран поради фрлање предмети на теренот, присуство на неслужбени лица во службените простории, како и вербален напад врз судијата.

Поради црвениот картон заработен на натпреварот против Вардар, Лавал Емануел од Тиквеш е суспендиран на три натпревари. Дисциплинската комисија дополнително поведе постапки против Македонија ЃП и Шкупи 1927.

Македонија ЃП е под дисциплинска постапка поради слаба организација, односно користење пиротехнички средства и фрлање предмети на теренот на натпреварот против Пелистер, одигран во рамките на третото коло од Втората МФЛ.

Постапка е поведена и против Шкупи поради фрлање предмети на теренот за време на дуелот со Тетекс, исто така од третото коло во Втората МФЛ.

Во меѓувреме, кондицискиот тренер на Македонија ЃП, Златко Ристов, доби забрана за вршење функција во траење од еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Огромна чест: Еве како Аргентинците ќе му се заблагодарат на Меси!

Лионел Меси, еден од најголемите фудбалери на сите времиња, официјално го заврши својот па…