Дома Фудбал Само Австрија е опција за Миовски?

Само Австрија е опција за Миовски?

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се наоѓа во неизвесност околу својата иднина во Ренџерс, но како што одминува времето, така се намалуваат и можностите за негов трансфер.

Во изминатиот период како сериозна опција се споменуваше Феенорд, но холандскиот клуб очигледно нема да тргне по потписот на македонскиот напаѓач. Интересот се појави откако Феенорд остана без Ајасе Уеда, кој замина во Лил, но преодниот рок во Холандија се затвора денеска, па тешко е да се очекува трансферот да се реализира.

Во игра не е ниту Турција, каде што Миовски претходно се поврзуваше со Генчлербирлиги. Така, во моментов како една од последните реални можности останува ЛАСК од Австрија.

Австрискиот преоден рок трае до утре на полноќ, што му остава многу малку време на Миовски за евентуална промена на средината.

Од друга страна, останувањето во Ренџерс не изгледа како идеално сценарио за македонскиот голгетер. Шкотскиот гигант наводно планира да ангажира уште еден напаѓач, што дополнително би ја зголемило конкуренцијата и би можело да значи уште помала минутажа за Миовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок сензационален трансфер: Ричарлисон наскоро доаѓа во Белград?

Бразилскиот репрезентативец Ричарлисон е на праг да го напушти англискиот премиерлигаш, То…