Дома Фудбал Познато е кој ќе ја носи десетката на Меси во Аргентина

Познато е кој ќе ја носи десетката на Меси во Аргентина

По пензионирањето на Лионел Меси од аргентинската репрезентација, прашањето што многумина си го поставија беше – кој ќе ја преземе неговата десетка? Се чини дека одговорот веќе постои.

Лионел Меси соопшти дека поразот во финалето на Светското првенство оваа година ја означи крајот на неговата репрезентативна кариера.

„Дадов сè од себе. Нема што повеќе да дадам“, изјави Лионел Меси, кој цела две децении ја носеше легендарната десетка на Аргентина, која пред него ја носеше Дијего Марадона.

И нормално дека се постави прашањето – кој ќе ја преземе таа чест и одговорност?

Според „ЕСПН“ Аргентина, ова прашање доби одговор. Тимот на репрезентацијата не беше ни изненаден ниту неподготвен кога Меси го објави повлекувањето. Свесни беа за тоа уште по финалето на Мундијалот.

Затоа не чуди што наследникот на десетката веќе е избран.

„Лионел Скалони останува селектор на Аргентина, како што беше и очекувано, додека дресот со број 10 ќе го носи Нико Паз. Оваа одлука беше донесена по сериозни внатрешни разговори“, објави „ЕСПН“ од свои извори.

Паз има само 21 година, но веќе има 11 настапи во сениорскиот тим на Аргентина. Тој е сметан за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа.

Нико е роден во Шпанија, а неговиот татко Пабло Паз, играше за Аргентина на Светското првенство во 1998 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва се екипите кои најмногу потрошија во преодниот рок

Заврши уште еден летен трансфер период, барем кога станува збор за најсилните пет европски…