Дома Фудбал Додека е Миленко во клубот, Комити ќе го бојкотираат Вардар!

Додека е Миленко во клубот, Комити ќе го бојкотираат Вардар!

Навивачката група „Комити“ донесе одлука да ги бојкотира натпреварите на ФК Вардар, а бојкотот ќе трае сè додека управата на клубот, предводена од Миленко Неделковски, не си поднесе оставка.

Одлуката навивачите на најтрофејниот македонски клуб ја објавија преку социјалните мрежи, наведувајќи дека причините се, како што велат, „аматеризмот и примитивизмот“ што владеат во клубот, а кои според нив се резултат на низа лоши одлуки на актуелното раководство.

Незадоволството, според „Комити“, дополнително ескалирало по случувањата на последниот натпревар, кога, како што тврдат од навивачката група, обезбедувањето ги нападнало младите членови на групата и клубот.

Бојкотот официјално ќе започне по претстојниот натпревар против Арсими, кој Вардар ќе го одигра во понеделник од 19 часот на стадионот на ФФМ.

„Групата на отворен состанок донесе одлука за БОЈКОТОТ на сите натпревари на ФК Вардар а истиот ќе трае се додека Управата на чело со лицето Миленко Неделковски, не поднесе оставка и не си замине од клубот! Оваа одлука е донесена и со претходна консултација и разговори со сите подгрупи, на кои истата е едногласно поддржана!

Причините за бојкот се аматеризмот, како и примитивизмот кои владеат во клубот, а кои се директна последица на катастрофалните одлуки кои Управата ги носи на секое поле и поради срамниот однос кон навивачите, кој кулминираше на последниот натпревар кога обезбедувањето на Управата, по наредба на Миленко Неделковски се дрзна и ги нападна децата на групата и клубот, кој претставува последен срамен чин кој нема да се повтори никогаш повеќе, тоа ние ви го гарантираме!

Затоа, во понеделник на натпреварот кој ќе се одигра во 19:00 часот на стадионот ФФМ, против екипата на Арсими ќе присуствуваме за последен пат, за да ја покажеме првично нашата солидарност со младите Вардарци и за да изразиме незадоволство и револт против најсрамната Управа во целата историја на ФК Вардар! Собирот ќе започне во 18:15ч на последна 5-ка во Ново Лисиче, од каде во 18:45ч заедно ќе се упатиме кон стадионот. СИТЕ ЗАЕДНО!

Уште сега јавно апелираме дека преглед на влезот ќе може да врши само Полицијата и дека нема да дозволиме никој друг да биде присутен. Ако биде присутно обезбедување што ќе се противи на оваа одлука, ќе бидат ВЕДНАШ нападнати од наша страна и затоа апелираме – берете памет! По натпреварот против Арсими, започнува бојкотот и од тогаш фокусот целосно ќе го насочиме кон натпреварите на РК Вардар, за што дополнително ќе известиме! Повикуваме на најголема масовност и полн стадион, сите Комити и Вардарци обединети до целосно ослободување на ФК Вардар!“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови главоболки за проблематичниот дечко на Реал – овој пат, барем е казнет!

Фудбалерот на Реал Мадрид Раул Асенсио е осуден за кривично дело против безбедноста на соо…