
Француската тенисерка Осеан Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отворено зборуваше за зголемување на градите, а сега направи уште еден чекор кој предизвика бројни реакции.
Додин одлучи да отвори профил на платформата „ОнлиФенс“, каде што ќе им нуди содржини на своите следбеници достапни со претплата.
Французинката кон крајот на септември се врати на тенисот по едногодишна пауза поради проблеми со внатрешното уво кои влијаеја на нејзината рамнотежа. Во периодот без тенис, таа одлучи да се подложи на естетска интервенција за која подоцна без трошка страв зборуваше во јавноста.
На Инстаграм, Додин ја следат повеќе од 75.000 луѓе, а значителен дел од содржините што ги објавува не се директно поврзани со тенисот.
Својот нов проект на OnlyFans го опиша со зборовите:
„Тоа е светот каде тенисот се сретнува со сензуалноста.“
Во претходен разговор за РМЦ Спорт, објасни и зошто одлучила да ги зголеми градите.
„Морав да направам долга пауза поради повреда и одлучив да го искористам времето за да направам нешто што долго време сакав – да ги зголемам градите. Не се срамам воопшто за тоа. Си реков дека е подобро да го направам тоа сега отколку да чекам крајот на кариерата и да имам 40 години,“ рече Додин.