
Фудбалерот на Реал Мадрид Раул Асенсио е осуден за кривично дело против безбедноста на сообраќајот, откако беше фатен за воланот на автомобил под дејство на алкохол во август.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Асенсио на 16-ти август на југот на Гран Канарија управувал со својот „Порше“, а алкотестот покажал дури 0,90 милиграми алкохол по литар издишан воздух, додека дозволената граница е 0,25.
На брзото судење Асенсио добил парична казна од 14.400 евра, како и забрана за управување со возило во траење од осум месеци.
Тоа, сепак, не е единствениот случај поради кој дефанзивецот на Реал Мадрид во следните денови ќе биде пред суд.
Во Лас Палмас започна судењето на Асенсио и уште тројца поранешни играчи на младинската школа на Реал Мадрид поради обвиненија за неовластено ширење интимни снимки на две жени.