Дома Фудбал Поделба во соблекувалната на Ливерпул поради Србин!

Поделба во соблекувалната на Ливерпул поради Србин!

Во соблекувалната на Ливерпул би можело да има тензија откако грчкиот фудбалер Костас Цимикас на социјалните мрежи ја поддржа објавата во која се критикува неговиот соиграч и директен конкурент Милош Керкез.

Цимикас стави лајк на снимката од грчкиот подкаст во кој се наведува дека Керкез не ги прикажува игрите кои се очекуваат од него, со оценка дека токму грчкиот репрезентатив досега треба да добие предност за позицијата лев бек.

Неговиот потег привлече посебно внимание бидејќи Цимикас и Керкез се директни конкуренти за место во стартниот состав.

Гркот ова лето се врати во Ливерпул по позајмицата во Рома, додека Керкез дојде во клубот од Борнмут како едно од позабележителните засилувања.

Керкез на почетокот на сезоната доби предност, додека Цимикас минатиот викенд го замени за само 19 минути во нерешениот натпревар 2:2 против Нотингем Форест.

Цимикас е член на Ливерпул од 2020 година и со англискиот клуб освои Премиер лига, ФА куп и Лига куп.

Керкез, унгарски репрезентативец со српско потекло, по доаѓањето во клубот се наоѓа под зголемено внимание од јавноста, а неговите игри често се предмет на критики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Компани понижил фудбалер на Баерн: Ти пријателе, нема да тренираш со нас!

Венсан Компани одлучи да преземе дисциплински мерки кон фудбалерот на Баерн поради целосно…