Дома Фудбал Миовски кариерата може да ја продолжи во Холандија!

Миовски кариерата може да ја продолжи во Холандија!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски би можел да направи нов трансфер до крајот на преодниот рок. Холандскиот гигант Феенорд стапил во контакт со Ренџерс и покажал сериозен интерес за 27-годишниот напаѓач.

Според информациите се разговара за можноста Миовски да се пресели во Ротердам на позајмица. Во Феенорд активно бараат нов голгетер, а македонскиот репрезентативец се појавил како една од конкретните опции.

Причината за засилената потрага на холандскиот клуб е ситуацијата во нападот. Каспер Тенгстед веќе го напушти тимот со трансфер во Тулуз, додека Ајасе Уеда е на чекор до преселба во Лил. Со тоа, Феенорд останува со потреба итно да го засили центарфорското место.

Новинарот Џошуа Бари од „Ренџерс Ривју“ тврди дека шкотскиот клуб е отворен за идејата Миовски да замине на привремена позајмица. Неговата ситуација дополнително би можела да се искомплицира по пристигнувањето на Кевин Келси од Портланд тимберс. Венецуелецот веќе ги поминал медицинските прегледи, а неговото доаѓање ќе значи уште поголема конкуренција во нападот на тимот предводен од Дерек Мекинес.

Феенорд добро го познава Миовски и неговите квалитети. Холанѓаните го следат уште од периодот кога настапуваше за Абердин, каде што македонскиот напаѓач постигна дури 44 гола во две сезони. Во 2024 година следеше трансфер во Жирона, а потоа Миовски се пресели во Ренџерс.

За неговите услуги, освен Феенорд, интерес покажуваат и неколку клубови од Турција. Сепак, доколку Миовски ја прифати понудата од Ротердам, би можел да добие можност за големо деби. Имено, потенцијалниот прв натпревар за Феенорд би можел да биде против европскиот гигант Барселона, во натпревар од Лигата на шампионите закажан за 9 септември.

Преодниот рок во Холандија не завршува денеска и тој е отворен до утре до полноќ, па така евентуалната преселба на Миовски во Феенорд би можела да се комплетира и во текот на утрешниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распродажба во Лондон: Челси продаде четири напаѓачи за пет дена

Челси направи вистинска чистка во напаѓачката линија во изминатите неколку дена. Лондонски…