Дома Фудбал Maнчестер Сити го претстави Бразилецот од 40 милиони евра

Maнчестер Сити го претстави Бразилецот од 40 милиони евра

Фудбалерот од Бразил, крилниот играч Алан Елијас кој досега настапуваше за Палмеирас, ја засили екипата на Манчестер сити.

Ова официјално го објавија денес преку своите канали “Граѓаните”, а договорот е склучен за период од пет години.

Алан е шесто засилување за Манчестер сити ова лето, по пристигнувањата на Елиот Андерсон, Буади, Детурбе, Монге, Руљи и Чарлс.

Интересно, Алан е купен за 40 милиони евра како фиксна сума и ќе биде директна замена за неговиот сонародник Сави, кој се пресели во Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…