Дома Фудбал Брозовиќ е пред враќање во Европа!

Брозовиќ е пред враќање во Европа!

Марчело Брозовиќ би можел да се врати во европскиот фудбал по тригодишниот престој во Саудиска Арабија. Турскиот Трабзонспор стапил во контакт со поранешниот хрватски репрезентативец и има намера да го ангажира како слободен играч, според италијанскиот фудбалски инсајдер Николо Шира. Сепак, желбата на Брозовиќ е да се врати во Италија, каде што го помина најголемиот и најуспешниот дел од својата клупска кариера.

Откако во јули му истече договорот со Ал Наср, Брозовиќ остана без клуб. Саудискиот клуб не ја продолжи соработката со хрватскиот везист, па заинтересираните клубови можат да го доведат без да плаќаат отштета. Според проценката на Трансфермаркт, моменталната вредност на играчот изнесува осум милиони евра.

Желбата за враќање во Италија не е нова. Средината на август, италијанските медиуми објавија дека Брозовиќ бил понуден на Јувентус. Според весникот La Stampa, неговата агенција имала разговори со претставници на клубот од Торино и ја споменале можноста за негово доаѓање како слободен играч. Сè уште не е јасно дали Јувентус ќе го конкретизира интересот.

Италија му е добро позната на Брозовиќ. Во јануари 2015 година, од Динамо замина во Интер, најпрвин на позајмица, а потоа миланскиот клуб го откупи неговиот договор. Во текот на осум и пол години во Интер стана еден од клучните везисти на тимот, со 330 настапи, 31 погодок и 43 асистенции.

Со Интер освои пет трофеи, вклучително и титулата шампион на Италија и два италијански купа, а во 2023 година го играше финалето од Лигата на шампионите. Тоа лето го напушти Милано и за 15,7 милиони евра премина во Ал Наср, каде што играше покрај Кристијано Роналдо. Во трите години за саудискиот клуб забележа 124 настапи, постигна осум голови и запиша 23 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eден од овие четворица ќе биде нов напаѓач на Арсенал!

Арсенал ова лето остана без Габриел Жезус, Габриел Мартинели и Леандро Тросар, а единствен…