Дома Фудбал Бомба од Шпанија: Атлетико Мадрид му дозволил на Алварез да преговара со Барселона!

Бомба од Шпанија: Атлетико Мадрид му дозволил на Алварез да преговара со Барселона!

Атлетико Мадрид му дал на Хулијан Алварез писмена дозвола да започне преговори за трансферот во Барселона, ексклузивно пренесува Ел Чирингито ТВ.

Како што е познато, Алварез јавно говореше за време на летниот трансфер период дека има желба да го напушти Мадрид и да го оствари сонот од детството, што подразбира премин во Барса, но Атлетико остана цврст во својата одлука да не го продаде на директен ривал.

Сега, со голем и значаен пресврт, новинарот Жорди Жота тврди дека “Јорганџиите” му дале на напаѓачот писмено одобрение за разговори за премин во каталонскиот гигант.

Жота дополни и дека лично го видел тој документ и вети дека ќе ги открие доказите и документите на 2 септември, кои ја потврдуваат оваа информација.

Да потсетиме, Алварез е клучен играч на Атлетико откако во 2024 година пристигна од Манчестер Сити.

Досега има постигнато 49 голови и забележано 17 асистенции во 107 натпревари во сите конкуренци.

Неговата обврска со Атлетико е валидна до 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aталанта му продава на Челси тинејџер за 48 милиони евра

На последниот ден од трансфер периодот, Челси ќе го комплетира купувањето на уште еден игр…