Дома Фудбал Рашфорд кажа „НЕ“ за Турција, сака да остане во Манчестер Јунајтед

Рашфорд кажа „НЕ“ за Турција, сака да остане во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд нема намера да се пресели во Турција, и покрај информациите дека Фенербахче покажал интерес за неговиот потпис.

Според Фабрицио Романо, во моментов нема шанси за трансфер на Рашфорд во Фенербахче, и покрај претходните шпекулации за можен договор.

Англискиот напаѓач е фокусиран на останување во Манчестер Јунајтед и сака да ја продолжи сезоната на „Олд Трафорд“.

Рашфорд, наводно, е решен да остане во клубот и да се бори за своето место во тимот, а трансферот во Турција во моментов не е опција за него.

Останува да се види дали ситуацијата ќе се промени до крајот на преодниот рок, но засега пораката од Рашфорд е јасна – останува во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Јамал е спремен за предизвиците против ПСЖ и Реал Мадрид

Ламине Јамал блесна со две асистенции против Галатасарај, а Флик не гледа потреба да го од…