Дома Фудбал Аргентински стратег ќе го тренира Меси во Интер Мајами

Аргентински стратег ќе го тренира Меси во Интер Мајами

Аргентинскиот тренер Кристијан „Кили“ Гонзалес е новиот тренер на Интер од Мајами. Лионел Меси од овој момент има нов шеф на стручниот штаб. Американскиот клуб објави дека аргентинскиот стручњак Кристијан “Кили” Гонзалес е новиот тренер на Интер од Мајами.

Од клубот соопштија дека Гонзалес (52) ќе ја преземе екипата официјално кога ќе се решат документите и работната дозвола, а дотогаш екипата ќе продолжи да ја води Гиљермо Охос, кој од април е привремен тренер по заминувањето на Хавиер Маскерано.

Гонзалес во досегашната кариера работеше исклучиво во татковината каде што ги предводеше Росарио Сентрал, Унион де Санта Фе и Платенсе.

Новиот тренер на Интер беше соиграч на најголемата ѕвезда на клубот, Лео Меси, на почетокот на неговата репрезентативна кариера во Аргентина. Се поставува прашањето дали токму Меси бил тој кој бил клучен за доведувањето на Кристијан Гонзалес во редовите на клубот од Флорида.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ објасни: Еве како се одредуваат термините за натпреварите во ПМФЛ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека определувањето на термините за о…