Дома Фудбал Гендузи проговори за големиот инцидент по натпреварот со Лион: Ја навредуваа мојата фамилија…

Гендузи проговори за големиот инцидент по натпреварот со Лион: Ја навредуваа мојата фамилија…

Матео Гендузи беше еден од главните актери во хаотичните сцени по реванш натпреварот на плеј-офот за Лигата на шампионите, во кој Фенербахче го победи Лион со 2:1 и се избори за место во елитното европско натпреварување.

Францускиот играч за врска, некогашен фудбалер на Олимпик од Марсеј, ја прослави победата со повик „Напред ОМ“, кој го упати кон телевизиската камера, додека пред домашните навивачи го покажа и препознатливиот знак на францускиот рапер Жул.

Неговата прослава дополнително ја вжешти веќе напнатата атмосфера, па дојде до конфликт на теренот, кој подоцна се пренесе и во тунелот на стадионот Групама.

Гендузи по натпреварот во микс-зоната зборуваше за инцидентите и откри што му претходеше на неговата прослава. Според неговите зборови, навредите кон неговото семејство од трибините почнале уште за време на загревањето.

„Кога имате 60.000 луѓе кои ја навредуваат вашата фамилија, мајка и деца, и тоа уште пред почетокот на натпреварот, а никој од судиската екипа не реагира и не им кажува на навивачите да престанат… Знам дека во Франција во такви ситуации се разговара со навивачите и натпреварот може да биде прекинат. За време на сите 90 минути, па и подолго сметајќи го загревањето, ми ја навредуваа фамилијата. Такви работи ве погодуваат“, изјави Гендузи за Л’Екип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aтлетико Мадрид и Јувентус спремаат голема трампа!

Додека прашањето за статусот на Хулијан Алварез е актуелно во текот на последните денови о…