Дома Останати Тенис Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да го препознаат минувачите на секој чекор.

На српскиот тенисер е речиси невозможно да помине незабележливо низ некој од најголемите светски градови, па овој пат најде интересно решение.

Ѓоковиќ облече дуксер, стави качкет, преку него ја навлече капата од дуксерот и додаде затемнети очила. Според снимката што ја објави на Instagram, маскирањето успеало и можел прилично мирно да се движи низ градот.

За неговата прошетка избра место каде што веројатно е најтешко да се избегне метеж – славниот Тајмс сквер.

Погледнете ја оваа објава на Instagram

Објава споделена од Новак Ѓоковиќ (@djokernole)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

АТП најави 350 милиони долари за тенисерите до 2028 година

АТП претстави план според кој во 2028 година ќе бидат распределени 350 милиони долари прек…