
Реал Мадрид во 2. коло од Примера ја совлада Реал Сосиедад со 4:1. Килијан Мбапе блесна со три гола.
По победата против Еспањол на отворањето на новата сезона, Реал Мадрид синоќа на Сантјаго Бернабеу го надмина Реал Сосиедад и славеше со убедливи 4:1.
Избраниците на Жозе Мурињо не брилираа во првото полувреме, но во второто го „разбија“ противникот и стигнаа до заслужена победа.
Феноменална партија прикажа Килијан Мбапе кој постигна три гола, а по натпреварот за неговата игра зборуваше и харизматичниот португалски тренер.
“Играше неверојатно. Сите знаеме за неговата способност за постигнување голови, но ме воодушеви тоа што прави кога тимот се мачи. Се повлекува, се поврзува со останатиот дел од екипата, сè за да можеме да дојдеме до предност и да создадеме опасности пред голот. Тоа беше одличен натпревар со многу квалитетни индивидуални настапи,” рече Мурињо по мечот.
Потоа новинарите од португалскиот тренер побараа да ги спореди Кристијано Роналдо и Мбапе.
“Видете, не сакам да споредувам играчи, но Мбапе е неверојатен. Многу сум среќен што напиша историја на Светското првенство затоа што има 25 играчи кои го освоиле Мундијалот, но само еден е за вечноста на фудбалот, тој со најмногу голови,” рече Мурињо и додаде: