Дома Фудбал Останато Бронза за Ален Рустемовски во Таранто!

Бронза за Ален Рустемовски во Таранто!

Македонскиот боскер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето откако денеска загуби во полуфиналето против Шпанецот, Марин Хернандез кој од почетокот беше еден од најголемите фаворити за злато во категоријата до 60 килограми.

До победата Хернандез дојде на поени добивајќи ги сите рунди. Првата рунда донесе најизедначена борба, повеќе напаѓаше Шпанецот, но и Рустемовски зададе неколку одлични удари. На крајот четири судии одлучија во негова корист, а еден за Рустемвоски.

Во втората рунда судиите беа едногласни со предност за Хернандез кој така влезе сигурно во третата рунда и успеа да ја приведе борбата кон крајот.

Рустемовски и по поразот освојува медал, бронзен бидејќи во оваа категорија нема борба за трето место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонија поднесе жалба за поразот на Рустемовски!

Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски беше поразен во полуфиналната борба против …