Дома Фудбал Aлварез направи уште еден потег со кој покажа дека не сака да игра веќе за Атлетико

Aлварез направи уште еден потег со кој покажа дека не сака да игра веќе за Атлетико

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се вратија на тренинзите во клупскиот камп во Мајадахонда по минатонеделното изедначување со Виљареал, а најмногу се зборува за отсуството на Хулијан Алварез.

Аргентинскиот напаѓач не се појави на денешниот тренинг, а од клубот неговото отсуство го оправдаа со тоа што не се чувствувал добро поради непроспиена ноќ.

Овој настан доаѓа само неколку дена по свирежите на навивачите на стадионот Метрополитано, кои следуваа откако ја изрази својата отворена желба кариерата да ја продолжи во Барселона.

Сепак, раководството на Атлетико категорично не ја разгледува можноста за продажба на Алварез на каталонскиот гигант, со кој веќе се судрија и поднеле пријава до РФЕФ за неовластени преговори.

Единствената реална можност за негово заминување останува англискиот Арсенал, доколку Лондончаните се согласат да платат барани 150 милиони евра во готовина.

Во спротивно, Аргентинецот останува врзан со договор кој важи до 2030 година, со откупна клаузула од неверојатни 490 милиони евра.

Додека трае неизвесноста околу иднината на Алварез, екипата се соочува и со други отсуства, бидејќи Александер Серлот е надвор од игра поради повреда, додека Адемола Лукман и Кристијан Ромеро тренираа одвоено од групата.

Јасно е дека во последните моменти од трансфер периодот во Мадрид се подготвува извонредно бурен завршеток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maроко ни даде пет гола на последниот натпревар на фудбалерите на Медитеранските игри

Maкедонската фудбалска репрезентација до 20 години со убедлив пораз од Мароко со 5-1 го за…