Дома Фудбал Пристигнаа детали за повредата на Гави!

Пристигнаа детали за повредата на Гави!

Барселона конечно може да здивне. По медицинските прегледи на Гави кои беа извршени денес, се доби брзо олеснување откако се повреди на стартот на Ла Лига против Елче.

Според резултатите, младиот играч не претрпел посериозна повреда, и ќе може да му биде на располагање на Ханси Флик во следните натпревари.

По овој повод, Гави се обрати на Инстаграм за да ги смири навивачите.

“Благодарам на сите кои секогаш ме поддржуваат и остануваат со мене до крај. Не можам да замислам фудбал на друг начин и ми е жал што ве натерав да страдате,” напиша Гави.

Да се потсетиме, Гави во првиот натпревар од оваа сезона мораше да ја напушти играта поради повреда на десната нога, истата со која веќе имаше неколку потешки повреди во изминатите три години.

Барса синоќа убедливо го совлада Елче на гости со резултат 5:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин жестоко го нападна Инфантино: Овој план е полош дури и од Суперлигата

Односите помеѓу претседателот на УЕФА Александер Чеферин и првиот човек на ФИФА Џани Инфан…