
Натпреварот од Купот на Германија помеѓу Манхајм Влајф и Кајзерслаутерн се претвори, најблаго речено, во воена зона.
Хулиганите на двата клуба беа толку необуздани што полицијата мораше да испрати – коњаница на теренот!
И дотогаш околу стадионот и на самиот стадион беше распореден голем број на органи на редот, но ривалството на двете страни беше толку големо што ни тројно поголеми полициски сили не би ги спречиле судирите.
Инаку, ова беше натпревар од Купот на Германија и заврши со триумф на второлигашот Кајзерслаутерн против ривалот од третата лига со голот на Канате во 120. минута.
Но, од овој натпревар доаѓаат само сцени на насилство.
🚨🇩🇪 Südwestderby: Апсолутен хаос! Ултрасите на Валдајф Манхајм и Кајзерслаутерн решија да го нападнат теренот—пиро батерии се активираа, воздухот беше исполнет со чад, а коњската полиција мораше да се вмеша за да воспостави ред! 😳 pic.twitter.com/bMIpWnP1ad— Ultras Clips (@ultras_clips) 21 август 2026