Дома Останати Ракомет Червар најави нов Пелистер: Ќе биде поинаку од претходно, пред нас е многу работа

Червар најави нов Пелистер: Ќе биде поинаку од претходно, пред нас е многу работа

Со нов тренер и високи амбиции, Пелистер го очекува почетокот на новата ракометна сезона, а Лино Червар веќе има јасна визија за тоа како сака да изгледа битолскиот тим.

Искусниот хрватски стратег истакна дека пред екипата има сериозна работа и дека процесот на создавање на тимот кој го замислува нема да биде едноставен. Сепак, неговата цел е Пелистер да изгради препознатлив стил и да има свој идентитет на теренот.

„Чест ми е што сум тука, да го тренирам Пелистер. Мило ми е што сум во мојата втора татковина. Јас сум многу амбициозен и ќе дадам сè од себе за Пелистер да биде компетентен. Ќе работиме поинаку од минатото и сакам овој Пелистер да има имиџ и свој идентитет“, порача Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Познато каде ќе се борат Вардар и Охрид за трофејот во Суперкупот

Ракометниот Суперкуп на Македонија ќе биде првата голема пресметка во новата сезона, а за …