
По загрижувачките сцени кои во последните денови го обиколија фудбалскиот свет, конечно од Минхен пристигнува одговор. Винсент Компани зборуваше за ситуацијата која привлече големо внимание на јавноста и откри што во моментов се случува со една од најголемите ѕвезди на Бајерн.
Џамал Мусиала нема да биде во составот на Баерн за саботниот Суперкуп против Борусија Дортмунд, но од Минхен пристигнуваат информации кои ќе ги смират навивачите. Компани изјави дека е многу оптимистичен кога станува збор за неговото целосно закрепнување.
Германскиот репрезентативец во краток период два пати колабираше на теренот, прво против RB Лајпциг, а потоа и Хајденхајм. По вториот инцидент, Мусиала јавно зборуваше за својата здравствена состојба и објасни дека се работи за кратки и привремени, но излечиви епизоди предизвикани од невролошка дисфункција.
„Ова е првпат јавноста да знае за тоа, па очигледно се појавуваат многу прашања. Меѓутоа, ние се справуваме со тоа веќе долго време”, рече Компани.