
Веќе неколку седмици се води жешка дебата околу кандидатите за овогодишната Златна топка, а поранешниот играч на Реал Мадрид, Тони Крос, јасно истакна кого го смета за фаворит.
На 26 октомври, во Париз ќе се одржи доделувањето на оваа престижна награда, а во меѓувреме, препукувањата за потенцијалниот победник се интензивираат.
Минатата година Осман Дембеле ја освои Златната топка сосема заслужено и повторно е меѓу кандидатите за наградата.
Многумина предвидуваат дека Светското првенство ќе одигра важна улога, при што моменталниот круг фаворити го предводат Хари Кејн, Ламин Јамал, Ерлинг Халанд, Килиан Мбапе и Родри.
Сепак, зголемен е бројот на оние кои сметаат дека треба да се земе предвид целосната сезона, а не само првенството, и дека наградата треба да ја добие некој од играчите на ПСЖ, кои доминирале на европската сцена лани.
На оваа тема се изјасни и некогашниот германски играч, Тони Крос, кој без никакви резерви откри кој би требало да ја освои Златната топка.
Крос исто така верува дека наградата треба да му биде доделена на играч од ПСЖ, но не на Дембеле, туку на Хвича Кварацхелия.
„Кварацхелија е без сомнение број еден во моментов. Тој ја заслужува Златната топка и во ова нема никаква дилема“, изјави Крос и додаде.
„Минатата сезона, а и на почетокот на оваа, тој е најдобриот фудбалер на најдобриот клуб во светот“.
Овој 25-годишен играч минатата сезона одигра 49 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, каде постигна 19 голови и додаде 11 асистенции.
Годинешната сезона ја започна на извонреден начин, како главен заслужник што ПСЖ го освои Суперкупот на Европа, победувајќи ја Астон Вила со 2:1.
🇩🇪 Tony Kroos : « Kvaratskhelia е безсомнено број еден.
— Media Parisien (@MediaParisien) August 21, 2026
Минатата сезона и сега е НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ на НАЈДОБРИОТ КЛУБ во светот. » pic.twitter.com/jKVQLkLw5U