Дома Фудбал Алонсо пред почетокот на сезоната: Ќе имаме повеќе време за подготовка, тоа е факт!

Алонсо пред почетокот на сезоната: Ќе имаме повеќе време за подготовка, тоа е факт!

Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо одржа прес-конференција пред првото коло на Премиер лигата. Шпанскиот стручњак со оптимизам го очекува почетокот на сезоната и е задоволен со работата која неговиот тим ја заврши во текот на подготвителниот период.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алонсо истакна дека во тимот постојат голема желба, глад за успех и амбиција, и дека е задоволен од играчкиот кадар кој го има на располагање.

„Имаме многу добра рамнотежа кога се во прашање квалитетот, карактерот и зрелоста, како и играчите што се наоѓаат во различни фази на нивните кариери. Мислам дека сме во добра позиција“, изјави Алонсо.

Челси оваа сезона нема да настапува во европските натпревари, што би можело да му донесе одредена предност на тимот кога станува збор за подготовка за натпреварите.

„Ќе имаме повеќе време да се подготвиме за секој поединечен натпревар, тоа е сосема сигурно и тоа е факт. Но, мора да покажеме дека тоа време сме го искористиле на вистинскиот начин и дека имаме доволно квалитетни играчи подготвени за секој натпревар. Би сакале да играме во Европа, но ситуацијата е таква каква што е и мораме да ја искористиме најдобро што можеме“, рече Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер не завршува со Џонс како засилување, сакаат и крило на Арсенал!

Интер има за цел да остане на самото врв на Италија, но и напад на Лигата на шампионите, и…