Дома Фудбал Барселона се откажа од големата ѕвезда и неочекувано пронајде нов напаѓач

Барселона се откажа од големата ѕвезда и неочекувано пронајде нов напаѓач

По неуспешниот обид за доведување на Јулијан Алварез, Барселона сериозно се насочи кон нова ‘деветка’. Во прв план излезе Николо Тресолди, 21-годишниот напаѓач на Клуб Бриж кој минатата сезона постигна 23 гола, а на Каталонците особено им се врежа во сеќавање со неговиот гол против нив во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците наводно веќе постигнале начелен договор со играчот, а сега се обидуваат да пронајдат заеднички јазик со Клуб Бриж.

Барселона сака до крајот на трансферскиот прозорец да доведе уште еден класичен напаѓач. Јулијан Алварез долго беше прв избор на спортскиот директор Деко, но Атлетико Мадрид не сака да го продаде аргентинскиот репрезентативец под условите кои ги нудеа Каталонците. Затоа Барселона се сврте кон помладо и финансиски подостапно решение.

Станува збор за Николо Тресолди, германски У21 репрезентативец кој минатото лето пристигна од Хановер во Клуб Бриж и веднаш се докажа во Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судија брутално претепан на турнир во БиХ, објавена е и фотграфија – изгледа страшно!

Бојан Макариќ, судија со искуство кое го собира и во Премиер лигата на Босна и Херцеговина…