Дома Фудбал ФФМ донесе одлука: Се повлекува поддршката за Инфантино!

ФФМ донесе одлука: Се повлекува поддршката за Инфантино!

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одлуката следува по состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА. ФФМ за својата одлука испрати и официјално писмено известување.

„По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година.

За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување.

Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, особено во делот на доброто управување, институционалниот интегритет и транспарентноста во односите со националните федерации.

ФФМ смета дека довербата, отчетноста и отворениот дијалог мора да бидат темел на управувањето со светскиот фудбал. Најдобрите интереси на фудбалот и неговиот развој, секогаш мора да бидат на прво место.

Како членка на УЕФА, ФФМ останува цврсто посветена на заедничките принципи и вредности на европскиот фудбал и ќе продолжи да стои заедно со сите национални федерации кои се залагаат за заштита, развој и унапредување на фудбалот.

Остануваме посветени на соработката со сите свои меѓународни партнери, со единствена цел, заштита и унапредување на интересите на фудбалот“, соопшти ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Првиот човек на Премиер лигата тврди: ФИФА го притисна копчето за самоуништување!

Притисокот врз претседателот на ФИФА Џани Инфантино продолжува да расте. Извршниот директо…