
Деко направи уште една неверојатна работа бидејќи Родри веќе потпиша договор со Барселона, но потврдено е дека спортскиот директор на каталонскиот клуб нема да биде на официјалното претставување и се знае зошто.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Родри пристигна во Барселона од Манчестер, и денес успешно ги помина лекарските прегледи.
Тој денес официјално потпиша договор до летото 2030 година со што заврши оваа трансфер сага.
Барселона издвои околу 75 милиони евра за да го доведе Родри, толку ќе плати на Манчестер Сити, а најзаслужен што овој потег се оствари е Деко.
Спортскиот директор на Барселона ова лето работи одлично, а доведувањето на Родриг е најдобар доказ за тоа.
Сепак, пред него и натаму е главната цел, а тоа е нов напаѓач. Деко работи веќе неколку месеци на трансферот на Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид воопшто не сака да преговара на таа тема.
Иако Алварез сака да оди во Барселона, клубот од Мадрид не сака да го продаде, па Deco очигледно веќе го загубил трпението имајќи предвид дека трансфер периодот наскоро завршува, а Барса е уште без класичен напаѓач.