Дома Фудбал Заборавена ѕвезда на Ливерпул по 834 дена го напушта клубот: Доаѓа крај на една тажна приказна!

Заборавена ѕвезда на Ливерпул по 834 дена го напушта клубот: Доаѓа крај на една тажна приказна!

Стефан Бајчетиќ е пред излезни врати од Ливерпул по период во кој неговата кариера на Енфилд не се развиваше според очекувањата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул во последниот подготвителен натпревар пред почетокот на новата сезона го победи Комо со резултат 2:0, но Бајчетиќ не беше во составот.

Всушност, тој не настапи ни во претходниот натпревар кој беше одигран во тренинг центарот на Ливерпул за да сите играчи добијат потребни минути пред почетокот на Премиер лигата.

Според информациите на Фабрицио Романо, Бајчетиќ е блиску до трансфер во Гетафе, каде што би се обидел повторно да ја оживее својата кариера.

За 21-годишниот играч од средината ова може да биде нов почеток по неколку исклучително тешки сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инфантино сака уште четири години на чело на ФИФА, но се појави сериозен проблем

Џани Инфантино (56) би можел да се соочи со пречка во обидот да остане претседател на ФИФА…