Дома Фудбал Инфантино сака уште четири години на чело на ФИФА, но се појави сериозен проблем

Инфантино сака уште четири години на чело на ФИФА, но се појави сериозен проблем

Џани Инфантино (56) би можел да се соочи со пречка во обидот да остане претседател на ФИФА до 2031 година. Непрофитната организација „FairSquare“ официјално побара од ФИФА да го прогласи за несоодветен за претседателските избори кои ќе се одржат на 18 март 2027 година во Рабат, Мароко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инфантино на 30 април на Конгресот на ФИФА во Ванкувер објави дека повторно ќе се кандидира. Тој е на чело на светската фудбалска организација од февруари 2016 година, но токму начинот на кој ФИФА го смета неговиот прв мандат сега е предмет на спор.

FairSquare на 13 август испрати писмо до Комитетот за управување, ревизија и усогласување на ФИФА и побара Инфантино да не му се дозволи нова кандидатура. Организацијата смета дека неговиот евентуален избор во 2027 година би претставувал четврти мандат, иако Статутот на ФИФА на претседателот му дозволува најмногу три мандати.

Во писмото тврдат дека Статутите на ФИФА и правилата за управување не предвидуваат можност преедателскиот мандат едноставно да не се смета затоа што не траел целосни четири години. Правилото на ФИФА вели дека никој не може да биде претседател повеќе од три мандати, без оглед дали се последователни или не.

Меѓутоа, ФИФА има различно толкување. Нејзиниот Извршен одбор на 16 декември 2022 година во Доха едногласно го прифати ставот на Комитетот за управување, ревизија и усогласување според кој периодот од 2016 до 2019 година не се смета како мандат на Инфантино.

Според таа официјална пресметка на ФИФА, мандатот од 2019 до 2023 година бил негов прв, актуелниот мандат од 2023 до 2027 година е втор, па на изборите во март 2027 година би можел да бара трет и последен мандат, кој би траел до 2031 година. ФИФА токму така го опиша неговиот реизбор во 2023 година, кога објави дека започнува својот “втор мандат”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема пред разделба со Ал-Хилал, Симоне Инзаги не го сака

Карим Бензема може да го прекине договорот со саудискиот клуб Ал-Хилал, тврди весникот …