Дома Фудбал Барселона најде спектакуларно засилување во нападот, заборавете на Хулијан Алварез

Барселона најде спектакуларно засилување во нападот, заборавете на Хулијан Алварез

Челниците на Барселона до крајот на летниот трансфер-период ќе се фокусираат на доведување на напаѓач, а веќе се знае дека нивната прва желба е Хулијан Алварез. Но, Деко и екипата мораат да бараат резервно решение, и се појави информација дека истото можат да го најдат во редовите на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона ова лето е многу активна на пазарот, а Деко во досегашниот дел од трансфер-периодот успеа да го доведе Ентони Гордон и Карим Адејеми.

Но, веќе денес или утре се очекува каталонскиот клуб да потврди уште два големи потписи. Трансферот на Родри е завршен со Манчестер Сити, а во Барселона се враќа и Жоао Кансело кој го раскинал договорот со Ал Хилал.

Сепак, јасно е дека Деко и неговите соработници до крајот на трансфер-периодот со сите сили ќе се обидат да доведат и напаѓач бидејќи Ханси Флик нема класичен центарфор во својот тим по заминувањата на Роберт Левандовски и Феран Торес.

Но, синоќа се појавија нови шпекулации на таа тема. Поедини шпански медиуми објавија дека Барселона „фрлила око“ на Виктор Ѓокерес од Арсенал и ќе се обиде да го доведе Швеѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се воведуваат четири нови правила во Премиер лигата, пауза за хидратација нема да има!

Оваа недела започнува новата сезона на Премиер лигата на Англија, со дуелот помеѓу Арсенал…