Дома Фудбал Мареска по катастрофата на Сити им се јави на челниците на клубот и порача: Мора да ми го донесете него

Мареска по катастрофата на Сити им се јави на челниците на клубот и порача: Мора да ми го донесете него

Манчестер Сити вчера претрпе тежок пораз на почетокот од новата сезона од Арсенал (3:0) во битката за трофејот Комјунити шилд, а Енцо Мареска веднаш по натпреварот на челниците на клубот од Етихад им рече кој играч мораат да му го доведат до крајот на летото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Енцо Мареска на крајот од минатата сезона беше избран за нов тренер на Манчестер Сити откако клубот по десет години го напушти Пеп Гвардиола.

Сепак, италијанскиот тренер не дебитираше на клупата на „Граѓаните” како што очекуваше бидејќи Сити вчера доживеа тежок пораз од Арсенал.

“Топџиите” новата сезона ја отворија на совршен начин и со 3:0 го победија Манчестер Сити, заслужено освојувајќи го трофејот на Комјунити шилд.

Поразот на Сити покажа дека на Мареска нема да му биде воопшто лесно да го наследи Гвардиола бидејќи очекувањата се навистина големи, а италијанскиот тренер по натпреварот им порача на челниците на клубот дека му требаат уште засилувања.

Мaреска смета дека играчкиот кадар кој го има моментално не е доволно добар за да се натпреварува за самиот врв, па цел му е да ја засили офанзивата и особено сака да донесе еден играч на Етихад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срамно, скандалозно и кукавички: Се појави снимка како Мбапе удира ривал од зад грб во глава! (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид, сосема очекувано, оствариле победа од 3:0 против Шалке. Како П…