Дома Фудбал Реал Мадрид се насочува кон Алексис Мак Алистер

Реал Мадрид се насочува кон Алексис Мак Алистер

Бидејќи се очекува Реал Мадрид да ангажира уште еден играч на средината на теренот за да го зајакне својот состав, шпекулациите на оваа тема не престануваат. Токму во овој контекст последно време се појавија гласини кои го поврзуваат „белиот балет“ со Мак Алистер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


27-годишниот аргентински репрезентативец е еден од играчите кој е во фокусот на шпанскиот гранд. Со договор до 2028 година, тој стана клучна фигура за тимот од „Анфилд“ уште со неговото пристигнување. Во изминатата сезона, овој играч на средината на теренот успеа да постигне 5 гола и да направи 7 асистенции во 54 одиграни натпревари.

Аргентинскиот репрезентативец повторно е во центарот на вниманието, бидејќи според информациите на „Кот Офсајд“, во клубот од Мерсисад има загриженост околу неговата иднина. Како резултат на тоа, „црвените“ решија да преземат мерки и сакаат да го избегнат евентуалниот напад од страна на шпанскиот шампион.

Се очекува 27-годишниот играч да биде предмет на преговори за продолжување на неговиот актуелен договор. На овој начин англискиот клуб сака да избегне непријатни изненадувања и нема да загуби време со започнување на разговорите за нов договор со овој играч од средината на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ испрати приватен авион по него, подготвија сѐ за потпис на договор, а тој жестоко ги понижи.

ПСЖ веќе со години е клуб кој фудбалерите тешко го одбиваат, а тоа го покажаа и вчера кога…