
Овој 28-годишен фудбалер дојде во Болоња пред четири години од белгискиот Гент и го има уште една година на договорот со италијанскиот клуб, но ова лето е речиси сигурно дека ќе го промени клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако за него се заинтересирани и англиските клубови како Нотингем Форест, Сандерленд и Њукасл, понудата од Јувентус е најатрактивна за него.
Се претпоставува дека во Јувентус ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона плус бонуси, а Болоња би требало да добие 20 милиони евра од трансферот плус дополнителни два милиони за бонуси, објави ”Тутоспорт”.
Се очекува Лукуми да пристигне во недела во Торино за медицински прегледи пред да потпише договор кој ќе трае до јуни 2031 година, според италијанските извори.