Дома Фудбал Италија Видео: Лудница во Италија – Четири гола на Лопез, три пенали и 11 погодоци на ЕДЕН натпревар!

Видео: Лудница во Италија – Четири гола на Лопез, три пенали и 11 погодоци на ЕДЕН натпревар!

Куп натпреварот помеѓу Удинезе и Перуџа кој се одигра денес со почеток од 18:00 часот, поради конечниот резултат привлече огромно внимание.

Иако Италија важи за земја каде што не се постигнуваат многу погодоци, на овој натпревар веројатно беа видени најмногу погодоци во досегашниот дел од сезоната во Европа, Удинезе славеше со убедливи 8:3.

Четири погодоци на оваа средба постигна ветеранот Макси Лопез, а по еден додадоа Ласања, Данило, Инглесион и Јакхто. На другата страна стрелци за Перуџа беа Чери, Бианко и Мустакио.

Покрај големиот број на погодоци на оваа средба беа видени и три пенали, два за Удинезе и еден за Перуџа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси и Манчестер Јунајтед во трка за трансфер на Хакобо Рамон

Челси и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за трансфер на младиот дефанзивец Хакобо Рамо…