Дома Фудбал Арсенал завршува со засилување кое никој во светот не го очекуваше!

Арсенал завршува со засилување кое никој во светот не го очекуваше!

Арсенал би можел да направи изненадувачки потег ова лето, бидејќи лондонскиот клуб има на мета фудбалер на Брајтон, Џек Хиншелвуд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од The Sun, Арсенал во моментов е водечки во трката за потпис на 21-годишниот играч од средниот ред и веќе превзеде конкретни чекори за отворање на преговори.

Според истиот извор, раководството на Арсенал стапи во контакт со претставниците на младиот фудбалер, а клубот сега подготвува официјална понуда за неговиот трансфер.

Но, Арсенал не е единствениот клуб што ја следи ситуацијата.

Манчестер Јунајтед веќе се распрашал за можноста за негово доведување, а клубот од Олд Трафорд исто така планира да направи потег ако се отвори можност за трансфер.

Во трката се вклучи и Манчестер Сити, кој исто така покажува интерес за младиот играч од средниот ред на Брајтон.

Брајтон се најде во многу добра позиција, бидејќи интересот од три големи англиски клуба може дополнително да ја зголеми вредноста на нивниот играч.

Според информациите од „Сан“, Брајтон би можел да биде подготвен да прифати понуда во рамките меѓу 43 и 51 милион фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симоновски го урна Тиквеш во Кавадарци, Шкендија Арачиново слави историска прва победа во ПМФЛ! (Видео)

Екипата на Шкендија Арачиново приреди изненадување во третото коло од првата лига откако н…