Дома Фудбал Салах добива друштво: Ливерпулов напаѓач од 100 милиони пристига во Трабзон!

Салах добива друштво: Ливерпулов напаѓач од 100 милиони пристига во Трабзон!

Во Турција се слушаат големи трансфери.

Во последните неколку дена пристигнаа Мохамед Салах во Трабзон, Ромелу Лукаку во Фенербахче и Душан Влаховиќ во Бешикташ.

Сега пристигнува уште едно големо име кај Салах.

Станува збор за Уругваецот Дарвин Нуњез кој ќе дојде по неуспешната епизода во Ал Хилал.

Таму не беше во плановите на Симоне Инзаги, и бараше излез, а кочница беше огромниот договор што го потпиша.

Трабзон реши ова лето да оди на се или ништо и се во завршни преговори.

Нуњез во кариерата играше во Европа за Бенфика и Ливерпул во кои пристигна речиси за 100 милиони евра, но никогаш не го покажа целосниот потенцијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аларм во Неапол: Алегри го има најслабиот старт на Наполи по 17 години

По поразот од Виљареал, Наполи влезе во сериозна криза: четири неуспеси во првите осум меч…