Дома Фудбал Илчо Ѓорѓиоски пуштен од притвор со гаранција од пола милион евра!

Илчо Ѓорѓиоски пуштен од притвор со гаранција од пола милион евра!

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, ќе се брани од слобода, откако Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да му го укине притворот и да го замени со гаранција и мерки на претпазливост.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што информираат од Кривичниот суд, Ѓорѓиоски депонирал банкарска гаранција од 500.000 евра, со што ги исполнил условите за замена на притворот со поблага мерка. За прифаќањето на гаранцијата и укинувањето на притворот позитивно мислење дало и Обвинителството.

Така, поранешниот прв човек на македонскиот фудбал во продолжението на постапката ќе се брани од слобода, но ќе мора да ги почитува мерките на претпазливост што му се определени.

Ова е уште еден случај во кој поранешен претседател на ФФМ излегува од притвор со гаранција. Претходно, од притвор беше пуштен и Муамед Сејдини, кој понуди гаранција во вредност од над 1,15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Турција може повторно да се формира поранешниот тандем на Ливерпул – договорот е на повидок!

Дарвин Нуњез ја изрази својата желба да се приклучи на Трабзонспор каде го очекува Мохамед…