
Дарвин Нуњез ја изрази својата желба да се приклучи на Трабзонспор каде го очекува Мохамед Салах!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најкредибилните турски новинари, Јагиз Сабунчуоглу, потврди дека Трабзонспор ги договорил сите лични услови со Дарвин, а сега останува клубовите да ја утврдат сумата за трансферот.
Иако пристигна како големо засилување од Ливерпул за 53 милиони евра, Симоне Инзаги една година подоцна не смета на неговите услуги.
За Ал Хилал одигра 24 натпревари, постигнувајќи девет голови и остварувајќи пет асистенции, па не е изненадување неговото појавување на трансфер-листата.
Интересно е што во Трабзонспор го чека неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах, кој неодамна се приклучи на турскиот клуб како слободен агент.
Ако го додадеме фактот дека Душан Влаховиќ се приклучи на Бешикташ, а Ромелу Лукаку – на Фенербахче, јасно е дека турската лига оваа сезона ќе биде поинтересна од кога била.
Со нетрпение се очекуваат и следните потези на Галатасарај, кој има интерес за Габриел Мартинели од Арсенал, а во своите редови веќе го има Виктор Осимен…