
Нов играч на Фенербахче е Ромелу Лукаку (33), соопшти турскиот великан. Според бројни турски портали, Белгиецот ќе заработува 10.000.000 евра по сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лукаку е нов голем трансфер во турскиот фудбал ова лето, ново големо име, по Мохамед Салах кој се приклучи на Трабзон, Душан Влаховиќ кој ќе игра за Бешикташ, претходно и Мејсон Гринвуд кој пристигна во Фенербахче.
Да потсетиме, ова лето од Премиер лигата пристигнаа и не помалку значајните Натанјел Аке (Манчестер Сити – Фенербахче) и Леандро Тросар (Арсенал – Бешикташ).
Очигледно, Турците сакаат да го подигнат квалитетот на лигата на уште повисоко ниво и конечно да постигнат поголем напредок во Европа.