Дома Фудбал ПСЖ купи еден од најталентираните голмани во светот

ПСЖ купи еден од најталентираните голмани во светот

ПСЖ продолжува да гради силен состав за иднината, а најновото засилување на францускиот гигант би требало да биде јапонскиот голман Зион Сузуки.

Парискиот клуб постигнал договор со Парма за трансферот на 23-годишниот голман, во зделка која според информациите е вредна околу 35 милиони евра. Преговорите се финализирани, а Сузуки се очекува да стави потпис на повеќегодишен договор со францускиот шампион.

Иако ќе стане играч на ПСЖ, јапонскиот голман можеби нема веднаш да застане меѓу стативите на тимот од Париз. Клубот размислува да го испрати на позајмица, со цел Сузуки да продолжи редовно да брани и да собира дополнително искуство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …