
Шефот на судиите на УЕФА Роберто Розети се залага за промени во начинот на кој се користи ВАР технологијата во европскиот фудбал, со јасна порака дека видео асистентот не смее да се меша во секоја ситница.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанецот пред почетокот на новата сезона се сретна со високи претставници од петте најсилни европски лиги – Премиер лигата, Серија А, Ла Лигата, Лига 1 и Бундеслигата.
Во таа прилика, зборуваше за разликите во примената на ВАР, но и за новата платформа на УЕФА „Clear Line“, која треба да им помогне на навивачите да разберат кога ВАР треба, а кога не треба да се користи.
Розети во интервју за BBC призна дека низ цела Европа постои незадоволство од начинот на кој ВАР влијае врз фудбалот.
„Сфаќаме дека сега речиси никаде нема задоволство од начинот на кој ВАР влијае врз фудбалот. Затоа сакаме да избегнуваме микроскопски ситуации. Контекстот е исклучително важен. Ова е фудбал, а не Плејстејшн. Мора да бидеме многу, многу внимателни“, рече Розети.